Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ПРОЦЕНКА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ КАПАЦИТЕТИ ВО ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА БЕРОВО

2024-09-28

ПРОЦЕНКА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ КАПАЦИТЕТИ ВО ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА БЕРОВО

Во периодот од 25-26.09.2024 година тим од двајца обучени фасилитатори – Билјана Минчева (од стручната служба на Централната канцеларија) и Орце Николов (Секретар на ООЦК Велес) – беа во посета во Општинската организација Берово каде ја спроведоа Проценката на организациски капацитети (ПОКОО), алатка развиена по методологија на  Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина. Тимот од ООЦК Берово во мешовит состав од вработени лица, членови на раководната структура, волонтери, млади и членови од организацијата броеше 11 членови. Заеднички водени од фасилитаторите успешно ги поминаа сите задачи и вежби од алатката. Тимот од ООЦК Берово ја позиционираше моменталната состојба на организацијата, ги идентификуваше приоритетите за развој, креираше план со активности за периодот од следните 12 месеци и се стекна со сертификат за успешно спроведена Проценка на организациските капацитети на ООЦК Берово.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2024