март 29, 2024

ПРОЦЕНКА НА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ КАПАЦИТЕТИ НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА

Во период од 20-21.03.2024 тимот од тројца обучени фасилитатори составен беа во посета во Општинската организација на Црвен крст Кавадарци каде ја спроведоа Проценката на организациски капацитети (ПОКОО). Тимот од ООЦК Кавадарци во мешовит состав од вработени лица, членови на раководната структура, волонтери и млади од организацијата броеше 12 членови. Заеднички водени од фасилитаторите успешно ги поминаа сите задачи и алатки од методологијата на ПОКОО развиена од  Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина. Тимот од ООЦК Кавадарци ја позиционираше моменталната состојба на организацијата, ги идентификуваа приоритетите за развој, креираа план со активности за периодот од следните 12 месеци и се стекнаа со сертификат за успешно спроведена Проценка на нивните организациски капацитети. Ова е десеттата спроведена ПОКОО Проценка, а во наредните месеци трите тимови по тројца фасилитатори продолжуваат со проценките и во другите Општински организации.

< врати се назад