Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Психолошка прва помош и психосоцијална поддршка во комплексни итни ситуации (PFA-CE)

2018-01-25

Психолошка прва помош и психосоцијална поддршка во комплексни итни ситуации (PFA-CE)

 

 

Позадина

Во време на почести и долготрајни катастрофи и кризи, проектот настојува за подобрување на капацитетите за одговор при катастрофи на Европските организации за итен одговор и за волонтери преку зајакнување на компетенциите за Психолошката прва помош (ППП) и Психосоцијалната поддршка (ПСП) на вработените и волонтерите.

 

Цели

  • Подобрување на вклученоста и активното учество на зафатените заедници, семејства и групи во итниот одговор преку обука на вработени и волонтери и преку развој на активирање на заедниците
  • Подобрување на координацијата и поддршката на нови типови на волонтери како што се конвергентни и спонтани волонтери
  • Подобрување на размена на искуствата и вмрежување со оглед на зачестените и/или тековни катастрофи како што се, земјотреси, поплави и мигрантската криза во Европа.

 

Главни резултати

  • Истражување кое содржи информации за постоечки алатки и препораки за (1) Психолошка прва помош, (2) активирање и учество на заедниците и (3) поддршка на волонтери и вработени вклучувајќи и насоки за координација и поддршка на конвергентни и спонтани волонтери.
  • Пакет за обука на обучувачи ќе биде развиен преку структурирана размена на искуства и собирање на најдобри практики во областите зафатени со поплави, земјотреси или мигрантска криза. Целите на пакетот за обука кој што ќе се тестира во рамките на проектот, е да овозможи обучувачи во рамките на организациите кои се справуваат со катастрофите и соодветно применливи алатки кои би се користеле во рамките на обуки за волонтери или вработени за ситуации од итен карактер.

 

Проектен конзорциум 

  • Австриски Црвен крст – Австрија (раководител на проектот)
  • Универзитет на Инсбрук – Австрија
  • Хрватски Црвен крст – Хрватска
  • Италијански Црвен крст – Италија
  • Црвен крст на Република Македонија – Македонија
  • Црвен крст на Србија – Србија
  • Словенечки Црвен крст – Словенија

 

Времетраење 1 Април 2017 – 31 Март 2019

 

Контакт      Angelika Scherzer, проектен менаџер (angelika.scherzer@roteskreuz.at)

 

This document covers humanitarian aid activities implemented with the financial assistance of the European Union. The views expressed herein should not be taken, in any way, to reflect the official opinion of the European Union, and the European Commission is not responsible for any use that may be made of the information it contains.

 

http://pfa-ce.eu/

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025