Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Работилница за јакнење на капацитетите за вклученост на волонтери во вакциналниот процес

2021-11-15

Работилница за јакнење на капацитетите за вклученост на волонтери во вакциналниот процес

Изминатита недела во тренинг центарот Солферино, Струга се одржа работилница за јакнење на капацитетите за вклученост на волонтери во вакциналниот процес. За време на работилницата се направи проценка на постигнатите резултати и стекнатите искуства и знаења за време на ангажманот на волонтерите во поддршка на Ковид-19 вакциналниот процес. На истата учество земаа претставници кои беа вклучени во координација на вакциналните пунктови од Општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје.

На работилницата посебен фокус се постави и на афирмација на платформата Тим Северна Македонија која претставува алатка за регрутација на волонтери за делување во услови на кризни состојби а која исто така се користи во менаџментот на волонтериски капацитети за потребите на вакциналниот процес.

 

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2024