Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Работна средба со Мириам Клинкенберг

2020-07-09

Работна средба со Мириам Клинкенберг

Во текот на денешниот ден, тимот на Оперативниот центар, меѓународни тренери за промоција на хигиена како и лица со искуство во меѓународни мисии на полето на вода, санитација и промоција на хигиена, одржаа состанок со Мириам Клинкенберг, експерт на полето на вода, санитација и промоција на хигиена.

Експертот е ангажиран од страна на УНИЦЕФ за справување со COVID19 и воедно да помогне во подготовка на WASH проценка на училиштата и болниците во Македонија.

На работниот состанок беа презентирани искуствата и активностите на ЦКРСМ на полето на водата, санитацијата и промоцијата на хигиена како и активностите за време на COVID19. За време на дискусијата се разменија мислења и искуства за состојбата на образовните институции, нивото на свест како и можностите за градење на капацитети и зајакнување на заедниците, понатамошни активности и др.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2024