Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
РЕГИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА УПОТРЕБА И ЗАШТИТА НА АМБЛЕМОТ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ

2016-10-10

РЕГИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА УПОТРЕБА И ЗАШТИТА НА АМБЛЕМОТ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ

Од 6-7 октомври 2016 година во Сараево, Меѓународен комитет на Црвен крст организираше регионална работилница за употреба и заштита на амблемот на Црвениот крст и ратификација на договори од областа на Меѓународното хуманитарно право од страна државите во кои функционираат националните друштва. На работилницата земаа учество 10 (десет) национални друштва на Црвен крст, преставници од министерствата на националните друштва и претставници од МКЦК.

На работилницата претставникот на Црвен крст на Република Македонија презентираше дека Република Македонија во 1993 година ги потпиша Женевските конвенции од 1949 година и Дополнителните протоколи од 1977 година (I и II), и употребата и заштитата на амблемот е регулирана со Женевските конвенции од 1949 година и Дополнителните протоколи од 1977 година (I и II), и го ратификува со Закон Дополнителниот протокол од 2005 година (III) за употреба на новиот амблем – Црвен кристал.

 Во Република Македонија употребата и заштита на амблемот на Црвениот крст е регулирано во Законот за Црвен крст на Република Македонија и Правилата за употреба и заштита на амблемот на Црвениот крст на РМ кои се во согласност со Меѓународните правила на Движењето на користење на амблемот. Од 1965 година а ревидирани во 1991 година.

Секоја употреба на амблемот што не е јасно овластена со МХП и домашното законодавство претставува злоупотреба. Злоупотребата на амблемот за заштитни цели за време на војна го загрозува системот на заштита доделен со МХП. Злоупотребата на амблемот за индикативни цели го потценува имиџот во очите на јавноста и последователно ја намалува неговата заштитна моќ за време на вооружен судир. Секоја држава потписничка на Женевските конвенции има обврска да преземе мерки за спречување и казнување секаква злоупотреба на амблемот во секое време и мора конкретно да усвои пропис за заштита на амблемот.

Беше истакнато дека Република Македонија има ратификувано голем број конвенции поврзани со МХП, што се должи и на активитетот на Националниот комитет за МХП со седиште во Црвениот крст на Република Македонија, кој иницира хармонизирање на националното со меѓународното законодавство.

На работилницата се заклучи националните друштва на Црвен крст во соработка со надлежните министерства да иницираат ратификување на меѓународните договори поврзани со МХП, а посебно да се преземат активности на планот на злоупотребата на амблемот Црвен крст согласно домашните и меѓународни прописи.

linda2

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025