Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
РЕГИОНАЛНИ НАТПРЕВАРИ ПО ПРВА ПОМОШ ВО ЈУГОИСТОЧЕН  РЕГИОН И ЗА СЕВЕРОЗАПАДЕН РЕГИОН

2024-05-13

РЕГИОНАЛНИ НАТПРЕВАРИ ПО ПРВА ПОМОШ ВО ЈУГОИСТОЧЕН РЕГИОН И ЗА СЕВЕРОЗАПАДЕН РЕГИОН

Црвениот крст на РСМ дава посебен придонес во промовирање на првата помош во образовните институции каде уште од најмлада возраст ги учиме и ги надградуваме компетенциите на младите како правилно да укажуваат прва помош.

Црвениот крст на РСМ на 11 до 12 мај 2024 година одржи два регионални натпревари по прва помош за ученици од основните и средни училишта од југоисточниот и северозападниот регион на Северна Македонија. Тема на натпреварите беше „Повреди при спортски и рекреативни активности“, каде вкупно 29 екипи имаа можност да ги покажат своите знаења.

На 11.05.2024 година регионалниот натпревар по прва помош во југоисточен  регион каде домаќин беше  Општинска организација на Црвен крст Радовиш се одржа на Плоштадот Св. Спасо Радовишки со учество на 15 екипи од 15 ООЦК од југоисточниот регион на државата.

Поздравни обраќања имаа Генералниот секретар на ЦКРСМ д-р Саит Саити и Градоначалникот на Општина Радовиш г-дин Ацо Ристов. Најдобри 5 екипи кои ќе учествуваат на државен натпревар од овој регион беа екипите од ООЦК Велес, Радовиш, Кочани, Струмица и Делчево.

На 12.05.2024 година регионалниот натпревар по прва помош во северозападен регион  каде домаќин беше Општинска организација на Црвен крст Гази Баба се одржа на платото на главниот влез на Ист Гејт Мол – Скопје, со учество на 14 екипи од 14 ООЦК од северозападниот регион на државата

Поздравни обраќања имаа Претседателот на ЦКРСМ, Проф. д-р Ромел Велев и Градоначалникот на Општина Гази Баба, г. Бобан Стефковски. Од овој регион 5-те екипи кои покажаа најдобар резултат и ќе учествуваат на државен натпревар се  екипите од ООЦК Охрид, Гази Баба, Битола, Чаир и Куманово.

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025