октомври 12, 2023

СООПШТЕНИЕ за 15 октомври Црвен крст на Република Северна Македонија

       Црвениот крст на Република Северна Македонија на 18 октомври 2023 година, во Скопје ќе реализира симулациска вежба по прва помош во итна ситуација–земјотрес. Вежбата за управување со последици носи наслов „Хуманитарен одговор 2023 и се организира како резултат на одбележување на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, како и зачестените катастрофи во земјата и регионот. Покровител на вежбата ќе биде претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски.

 

Главната цел на вежбата е да се претстават капацитетите, можностите и подготвеноста на Црвениот крст на Република Северна Македонија во координираниот пристап за одговор при кризни состојби.

Главната локација за реализација на вежбата е Градскиот парк Скопје. Дел од пристапните улици во и кон Градскиот парк ќе бидат затворени во времетраење од три часа.

На вежбата се очекува учество на повеќе од 500 лица, 2 хеликоптери и 40 возила! На истата ќе учествуваат институциите вклучени во Системот за управување со кризи, домашни и странски тимови од Црвениот крст.

 

Главните подготовки за вежбата ќе бидат на 15 октомври (недела) кога и паркингот пред хотелот City Park ќе биде со намалена функција.

 

Им благодариме на граѓаните и медиумите за разбирањето, поддршката и солидарноста!

 

Со почит,

 

Односи со јавноста

Црвен крст на Република Северна Македонија

< врати се назад