Спроведени 3 освежителни обуки за предавачи и демонстратори по прва помош
Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 14.02-15.02.2024 година спроведе 3 освежителни обуки за предавачи и демонстратори на курсевите по прва помош за возачи и работни организации.
Освежителните курсеви за демонстратори и предавачи се одржаа во Централната канцеларија на Црвениот крст на Република Северна Македонија. На освежителните курсеви зедоа учество вкупно 33 едукатори од 10 ООЦК и Црвен крст на град Скопје.
Со овие обуки Црвениот крст на РСМ има за цел да ги освежи знаењата на предавачите и демонстраторите по прва помош и истовремено да ги запознае со сите новини и актуелности од областа на првата помош во периодот од последните три години.