Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Средба на Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити со Претседателот на Грчкиот Црвен крст Антониос Авгеринос

2024-07-30

Средба на Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити со Претседателот на Грчкиот Црвен крст Антониос Авгеринос

Денеска во Атина во просториите на Грчкиот Црвен крст е остварена средба помеѓу Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити и Претседателот на Грчкиот Црвен крст г-дин Антониос Авгеринос. Средбата помина во исклучително пријатна атмосфера на која беше констатирана добрата досегашна соработка но беше и истакнат големиот потенцијал за идна соработка. Беше договорено во најскоро време да се потпише меморандум за соработка помеѓу двете национални друштва, беше потенцирана потребата од размена на практики и искуства како и потребата за создавање на заеднички капацитети за аплицирање на заеднички проекти со посебен акцент на проекти финансирани од ЕУ. Двајцата соговорници заклучија дека евентуалните пропуштени можности преку една фокусирана соработка може да се надоместат и да се претворат во позитивни хуманитарни ефекти. Се заклучи дека Црвениот крст односно двете национални друштва може да бидат добар катализатор и да придонесат во квалитативно унапредување на меѓусебната соработка.
Претседателот ја прифати поканата во најскоро време да го посети нашето национално друштво.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025