Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити

2019-07-30

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Црвениот крст на Република Северна Македонија, предводена од генералниот секретар, Саит Саити. На средбата беа претставени тековните активности на Црвениот крст, вклучувајќи ја актуелната кампања „Твоето незнаење чини живот“, која се однесува на давање прва помош при сообраќајни несреќи, и со која ќе бидат опфатени околу 8.000 возачи низ целата држава. Претседателот Пендаровски го истакна исклучителното значење на работата на Црвениот крст, како организација која е посветена на заштита на животот и здравјето на луѓето, особено во случај на несреќи и катастрофи. Генералниот секретар Саити го запозна претседателот Пендаровски и со активностите на Црвениот крст на Република Северна Македонија за одбележување на 75-годишнината од неговото постоење, во 2020 година.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025