Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Доделување на сертификати за успешно завршена обука за негуватели на стари лица и лица со попреченост и дополнителен настан за нивна промоција на пазарот на труд.

2021-04-02

Доделување на сертификати за успешно завршена обука за негуватели на стари лица и лица со попреченост и дополнителен настан за нивна промоција на пазарот на труд.

На 01.04.2021, во просториите на Црвениот крст на Република Северна Македонија, беа доделени Сертификати за Негуватели на стари лица и лица со попреченост.

Обуката за 15те негуватели беше реализирана во рамките на проектот за ублажување и надминување на економските и психолошки последици предизвикани од КОВИД-19 пандемијата,  поддржана од компанијата Business & Strategies in Europe – B&S in Europe.

Со успешното доделување на сертификатите од страна на Црвениот крст на РСМ и B&S in Europe, а со цел нивна промоција и поефикасно интегрирање на пазарот на труд, на 02.04.2021 беше организиран и дополнител  виртуелен настан преку платформата зоом.

На настанот беа претставени 15те ново-обучените негуватели, како и беа претставени услугите кои што ги развива Црвениот крст во делот на негата и помош на старите лица.

На настанот учество завземаа и претставници- работодавачи од Центрите и Домови за сместување, грижа и подобрување на квалитетот на живеење на лицата од трета доба.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025