Светски ден на здравјето 2021 година – Градење на поправеден, поздрав свет
Светскиот ден на здравјето е глобален ден за подигање на јавната свест за здравјето кој се одбележува секоја година на 7 април, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО), како и на други сродни организации.
Нашиот свет е нееднаков.
Како што се покажа со КОВИД-19, некои луѓе можат да живеат поздрав живот и да имаат подобар пристап до здравствени услуги отколку другите – целосно пред се како резулат на на условите во кои се родени, растат, живеат, работат и стареат.
Во целиот свет, некои групи се борат да врзат крај со крај со малку дневни примања, имаат посиромашни услови за домување и образование, помалку можности за вработување, доживуваат поголема родова нееднаквост и имаат мал или воопшто немаат пристап до безбедно опкружување, чиста вода и воздух, безбедна храна и здравствени услуги. Ова доведува до непотребно страдање, болести што може да се избегнат и предвремена смрт. Тоа им штети на нашите општества и економии.
Ова не само што е нефер, туку и може да се спречи. КОВИД-19 сериозно ги погоди сите земји, но неговото влијание беше најтешко врз оние заедници кои веќе беа ранливи, кои се повеќе изложени на болеста, со помала веројатност да имаат пристап до квалитетни здравствени услуги и поверојатно да доживеат негативни последици како резултат на мерките спроведени за да се ограничи пандемијата.
Затоа ги повикуваме лидерите да осигурат секој да има услови за живот и работа погодни за добро здравје. Во исто време, ги повикуваме лидерите да ги следат здравствените нееднаквости и да осигурат дека сите луѓе да имаат пристап до квалитетни здравствени услуги секогаш и секаде кога ќе им бидат потребни.