Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Претставување на процесот „Трансформација 28“ пред претседателите на ООЦК/ЦКГС и ЦКРСМ

2022-11-06

Претставување на процесот „Трансформација 28“ пред претседателите на ООЦК/ЦКГС и ЦКРСМ

Во периодот 4-6 ноември 2022 година во Струга се одржа работна средба со Претседатели на општински организации на Црвен крст, Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија како и членови на Раководниот одбор на Црвен крст на Република Северна Македонија. Една од темите за која се издвои посебно внимание беше претставување на текот на процесот „Трансформација 28“, односно прикажување на финализацијата на консултативната фаза и идентификуваните првични области кои ќе подлежат на процеси на трансформирање во наредниот 5 годишен период. Претставени беа иницијални размислувања во рамките на 25 идентификувани теми за кои во поширока дискусија учесниците искажуваа поддршка и подготвеност за активни заложби во претстојниот период. Едногласно беше потврдена потребата од воведување на одредени развојни реформи во организацијата со цел ефикасно и прогресивно функционирање и соодветно и навремено задоволување на потребите на заедницата.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025