Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Учество на Академија за волонтери во Варна, Република Бугарија

2018-09-13

Учество на Академија за волонтери во Варна, Република Бугарија

Во периодот од 02-09.09.2018 година во Варна, Република Бугарија се одржа 13та по ред Академија за волонтери организирана од младите на Бугарскиот Црвен крст.

Веќе 4 последователни години за време на Академијата, со поддршка на Регионалната канцеларија за Европа на Меѓународната Федерација на Црвен Крст и Црвена Полумесечина, младите на Бугарскиот Црвен крст покануваат интернационална група, составена од млади волонтери од различни Национални друштва од Европа и Централна Азија.

Оваа година учество на Академијата за волонтери зедоа млади од 12 Национални друштва и тоа: Хрватска, Холандија, Германија, Белгија, Босна и Херцеговина, Австрија, Швајцарија, Романија, Украина,Италија, Македонија и Бугарија. Претставници од редовите на младите на Црвен крст на Република Македонија беа Аленка Шопова и Билјана Јосифоска.

Во текот на Академијата на темата „Лидерство и комуникација“ предводена од двајца интернационални тренери, Марија Христова – член на Европски младински комитет за координација и Џузепе Касела – координатор за волонтерство за регионалната канцеларија на МФЦК во Европа, младите имаа можност да учат едни од други, да споделуваат позитивни практики и искуства во работењето со младите, да разменуваат идеи за подобрување и унапредување на волонтерството и да воспостават интернационални соработки.

Претставниците од сите Национални друштва на Црвен крст исто така имаа можност да ги претстават земјите од кои потекнуваат и карактеристичните активности и промотивни материјали на своите национални друштва. 

Учеството на оваа Академија за волонтери допридонесе многу за размена на искуства и идеи поврзани со младите на Црвениот крст, но и за учење и добивање на многу повеќе информации за овој модел за обука на младите волонтери, кој би можел да се имплементира и во нашето национално друштво.

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025