- Организација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДруго

2024-11-14
Услуги за стари лица и лица со попреченост
Личната асистенција на лицата со попреченост е услуга од социјална заштита, преку која се обезбедува поддшка на лицата со потешка и најтешка попреченост и лицата со целосно оштетен вид со навршени 6 години во нивното осамостојување, согласно нивните индивидуални потреби. Услугата за лична асистенција има за цел да придонесе за независно и самостојно живеење на лицата со попреченост, нивно активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина.
Личната асистенција како услуга е прилагодена на личните и поединечните потреби на корисникот, кој одлучува кои активности ќе ги делегира и на кого, така што ќе му овозможи да живее во помалку ограничена околина, односно му овозможува слобода на избор и независно раководење на личниот живот со цел да ја компензираат својата пореченост, делегирајќи ги своите задачи на други лица.
Центри за испорака на услугата Црвениот крст на Република Северна Македонија е лиценциран од страна на Министерство за социјална политика, демографија и млади како сервис провајдер за испорака на услуги за лична асистенција на лица со попреченост. Услугите на локално ниво се реализираат во соработка и со поддршка на центрите за социјална работа. Услугите за лична асистенција се испорачуваат преку:
- Црвениот крст на Град Скопје
- Општинска организација на Црвен Крст на Струмица
- Општинска организација на Црвен Крст на Битола
- Општинска организација на Црвен Крст на Неготино
- Општинска организација на Црвен Крст на Струга
- Општинска организација на Црвен Крст на Гостивар
- Општинска организација на Црвен Крст на Велес
- Општинска организација на Црвен Крст на Охрид
- Општинска организација на Црвен Крст на Куманово
- Општинска организација на Црвен Крст на Гевгелија
Испорачатели на услуга: Услугата за лична асистенција на лица со попреченост се испорачува од страна на сертифицирани лични асистенти, стекнати преку верификувана посебна програма за обука за личен асистент на лица со пореченост.
Корисници на услугата: Лица со потешка и најтешка телесна попреченост и лица со целосно оштетен вид со навршени 6 години.
Без надомест – со решение од Центарот за социјална работа во општината каде лицето живее
Со надомест – 331,00 ден од час.
Достапни услуги: Услугата лична асистенција се испорачува за обезбедување индивидуална помош и поддршка:
- Во вршење на основни и инструментални активности од секојдневниот живот во домот на корисникот;
- На работно место, во образовна установа, центар за рхабилитација, центар за професионална рехабилитација и други места каде се реализираат активности поврзани со извршување работни задачи, образование и работно оспособување на корисникот;
- Во заедницата, и
- Други активности од интерес на лицето.
Контакт
- Црвен крст на Град Скопје asistenti@redcross.org.mk 078 293 290, 078 859 499 и 070 811 060
- Општинска организација на Црвен Крст на Струмица licniasistenti@redcross.org.mk 070/382-229
- Општинска организација на Црвен Крст на Битола bitola@redcross.org.mk 047 236 019
- Општинска организација на Црвен Крст на Неготино negotino@redcross.org.mk 043 361 657
- Општинска организација на Црвен Крст на Струга socijala@redcross.org.mk 070 276 244
- Општинска организација на Црвен Крст на Гостивар gostivar@redcross.org.mk 042 216 488 и 072-239-051
- Општинска организација на Црвен Крст на Велес veles@redcross.org.mk 043 231 537
- Општинска организација на Црвен Крст на Охрид ohrid@redcross.org.mk 070 315 309 и 046 261 909
- Општинска организација на Црвен Крст на Куманово kumanovo@redcross.org.mk 031/424-179 и 078/287-009
- Општинска организација на Црвен Крст на Гевгелија gevgelija@redcross.org.mk 076 263 885 и 077 699 036
Услуга за помош и нега во домот
Нега Центри се сервиси за испорака на домашна нега и грижа на стари и немоќни лица од страна на сертифицирани и професионални негуватели. Услугата е наменета за секој оној кој не е во можност да се грижи и функционира самостојно, и има потреба од соодветна грижа која може да ја добива во удобноста на својот дом.
Центри за испорака на услугата Црвениот крст на Република Северна Македонија е лиценциран од страна на Министерство за социјална политика, демографија и млади како сервис провајдер за испорака на услугата за помош и нега на стари лица. Услугите на локално ниво се реализираат во соработка и со поддршка на Центрите за социјална работа. Услугите за помош и нега во домот се испорачуваат преку:
- Црвениот крст на Град Скопје (општина Карпош, општина Центар и општина Кисела Вода)
- Општинска организација на Црвен Крст на Струмица
- Општинска организација на Црвен Крст на Кичево
- Општинска организација на Црвен Крст на Неготино
- Општинска организација на Црвен Крст на Струга
- Општинска организација на Црвен Крст на Дебар
- Општинска организација на Црвен Крст на Кочани
- Општинска организација на Црвен Крст на Охрид
- Општинска организација на Црвен Крст на Куманово
- Општинска организација на Црвен Крст на Крива Паланка
- Општинска организација на Црвен Крст на Кавадарци
- Општинска организација на Црвен Крст на Демир Хисар
- Општинска организација на Црвен Крст на Крушево
- Општинска организација на Црвен Крст на Пробиштип
- Општинска организација на Црвен Крст на Делчево
- Општинска организација на Црвен Крст на Радовиш
Испорачатели на услуга: Услугата за помош и нега на стари и неможни лица се испорачува од страна на сертифицирани ненуватели, стекнати преку верификувана посебна програма за обука за негуватели за помош и нега на стари лица.
Корисници на услугата: Корисници на услугата помош и нега во домот се лица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе.
Без надомест – со решение од Центарот за социјална работа во општината каде лицето живее
Со надомест – 351,00 ден од час.
Достапни услугиВрз основа на утврдените потреби на корисниците, негувателите кои ќе бидат ангажирани за испорака на услугата за помош и нега во домот ќе испорачуваат услуги за да се обезбеди помош за остварување на основни и инструментални активности од секојдневниот живот на корисникот.
Основни активности од секојдневниот живот: одржување лична хигиена, облекување, мобилност во домот, хранење, користење тоалет и менување пелени и подлоги во случај на континенција.
Инструментални активности од секојдневниот живот: поддршка при чистење, посредување за поправки, перење, готвење, купување продукти, надворешна мобилност, земање медицинска терапија, користење телефон и помош во управување со буџет.
Контакт: Услугата за помош и нега во домот се испорачува преку:
Црвен крст на Град Скопје skopje.negacentar@redcross.org.mk општина Карпош 075 352 246, општина Центар 070 352 246 и општина Кисела Вода 072 320 246
Општинска организација на Црвен Крст на Струмица strumica.negacentar@redcross.org.mk 070/382-229
Општинска организација на Црвен Крст на Струга Struga.socijala@redcross.org.mk 070 276 244
Општинска организација на Црвен Крст на Кичево kicevo@redcross.org.mk 045 225 324
Општинска организација на Црвен Крст на Кавадарци kavadarci@redcross.org.mk 076 674 018
078 416 599
Општинска организација на Црвен Крст на Демир Хисар demirhisar@redcross.org.mk 071 669418 и 047 276 861
Општинска организација на Црвен Крст на Дебар debar@redcross.org.mk 071 223-990
Општинска организација на Црвен Крст на Кочани kocani.negacentar@redcross.org.mk 033 271-015 и 071/223-691
Општинска организација на Црвен Крст на Крива Паланка negacentar.kp@redcross.org.mk 070 231 239
Општинска организација на Црвен Крст на Крушево krusevo@redcross.org.mk 071 379 920
Општинска организација на Црвен Крст на Пробиштип probistip@redcross.org.mk 071888670
Општинска организација на Црвен Крст на Делчево delcevo@redcross.org.mk 033 412010
Општинска организација на Црвен Крст на Радовиш radovis@redcross.org.mk 032 635571
Општинска организација на Црвен Крст на Неготино negotino.negacentar@redcross.org.mk 070 218 206
Општинска организација на Црвен Крст на Охрид ohrid@redcross.org.mk 070 315 309 и 046 261 909
Општинска организација на Црвен Крст на Куманово kumanovo@redcross.org.mk 031 424-179 и 070/645-901