Вечера ( ифтар ) заедно со деца без родителска грижа и самохрани мајки
На ден 20.05.2019 година, претставници на Црвен крст на Република Македонија учествуваа на вечера ( ифтар ) организирана од страна на Турската Црвена полумесечина со поддршка на Амбасадата на Турција во Република Македонија. Вечерата ( ифтар ) беше наменета за ранлива категорија на лица во Република Македонија, поточно, деца без родителска грижа и самохрани мајки. По завршување на вечерата на децата, од страна на претставници на Турската Црвена полумесечина, а со поддршка на Црвен крст на Република Македонија, беа поделени подароци за децата. На вечерата присуствуваа и високи претставници на Амбасадата на Турција во Република Македонија, претставници од државни институции, претставници на невладини организации и др.