Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Во тек е изработка на малите ПХВ проекти за добро на заедницата

2017-03-29

Во тек е изработка на малите ПХВ проекти за добро на заедницата

По завршување на ПХВ обуките, како и мотивацијата на младите на возраст од 13 до 17 година да направат нешто добро за својата заедница и да го променат своето секојдневие, во месец јануари, тие тргнаа со реализација на планираните активности. Поделени во помали тимови, водени од страна на своите дисеминатори и со поддршка на секретарите, младинците во целата земја, започнаа со лоцирање на целните групи, со  истражување на потребите на целните групи, со организирање на низа активност за да стигнат до посакуваната цел.  Оваа година се обучени околу 1100 младинци кои во месеците март и април ја активираа својата заедница, своите семејства, коорпоративниот сектор се со цел поддршка на заедницата во која живееат.

Во Ресен менуваат под-паркет на социјално загрозено лице, во Гостивар организираат хумнанитарен турнир, Во Кочани чистат згради и влезови, сами кречат, во Охрид прославуваа роденден за дете во ризик, во Скопје опремуваат живеалиште на бездомник, купуваат фрижидери, шпорети, организираат тетарски претстави во кои тие сами глумаат и ја покажуваат својата креативност, организираат забави под маски…и многу други нешта.

Вложуваат многу волонтерски часови, многу часови за општокорисна работа, многу корисно и испланирано време од страна на овие позитивни примери. Младинците се стекнуваат со важни вештини како работа во тим, комуникација со медиуми, соработка со корпоративниот сектор, менаџирање на сопственото време. Се здобиваат и со многу нешта кои се резултат на поминато време со лица во ризик, разбирање во какви тешки услови живеат некои луѓе, разбирање на сопствениот систем на вредности како и проширување на сопствените размислување за други етнички групи во нашата земја.  

ПХВ програма претставува алатка за регрутирање и задржување на нови волонтери во сите 34 ООЦК на територија на Република Македонија. Но, исто така програмата претставува и комуникациско дисеминациски модел во рамките на Националното друштво, но и образовна форма која ги активира младите да создадат чувство за сопствената култура, како и чувство за други култури. Промовира активен пристап кон животот и создава поквалитетна врска со училиштата.  ПХВ програма е домашен производ, создадена врз основа на локалните обичаи, културни норми и вредности. 1200 млади луѓе и потенцијални волонтери годишно ја поминуваат обуката и се изработуваат помеѓу 150-200 мали проекти преку кои им се помага на околу 3000 лица. 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025