Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
25 ГОДИНИ САМОСТОЈНО НАЦИОНАЛНО ДРУШТВО

2017-05-19

25 ГОДИНИ САМОСТОЈНО НАЦИОНАЛНО ДРУШТВО

На 21 мај 1992 година на Собранието на Републичкиот одбор на Црвениот крст на Република Македонија се донесе Одлука за самостојно делување на Црвениот крст на РМ како национално друштво. Со осамостојувањето и независноста на Република Македонија се осамостои и Црвениот крст на Република Македонија кој во понатамошниот период стана рамноправен член на Меѓународната федерација на националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Во периодот од 1992 до 2017 година, дваесетипет години од осамостојувањето; Црвениот крст на Република Македонија е континуирано активно вклучен во обезбедување на помош за хуманитарно згрижени лица, баратели на азил, внатрешно раселени лица, социјални случаи, лица погодени од природни катастрофи и други категории на ранливи лица. Програмите и проектите на Националното друштво се имплементирани со поддршка на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина,Меѓународен Комитет на Црвен крст, повеќе национални друштва и други меѓународни и домашни хуманитарни владини и невладини организации.

21 мај  ден на осамостојувањето на Црвен крст на Република Македонија.

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025