Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Дејствување

2018-03-28

Дејствување

Работата на младите на Црвениот крст на Република Северна Македонија е насочена кон потребите на младите луѓе, преку пристапот врсник на врсник и разни облици на неформално едуцирање со цел промоција и унапредување на здравјето, ублажување на социјалните проблеми преку хуманитарни акции,  дејствување при итни состојби од хуманитарен аспект, зачувување на достоинствата и различностите, обучување на младата популација за заштита и самозаштита, стекнување со вештини од областа на првата помош, промовирање на принципите на движењето, повикување на култура на дијалог за взаемно разбирање, толеранција и хуман однос без дискриминација.

Што опфаќа нашето делување? 

Спектарот на активности на младите на Црвениот крст е исполнет со интересни проекти, програми и акции кои се плод на креативните умови на младите и желбата да се помогне на оној на кој тоа му е најпотребно. Како стандардни активности кои се реализираат во секој Клуб на млади се:

  • Дисеминација за движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина;
  • Иницијативи за хуманитарна поддршка на поединец или целна група;
  • Промоција на хумани вредности
  • Врснички едукации за превентивни програми
  • Натпревари по прва помош;
  • Обуки за зајакнување на капацитети на младите волонтери;
  • Вклучување во програмските активности на Националното друштво

Кои се придобивките од дејствувањето во секторот млади?

Секторот млади е во постојана експанзија со активности и програми соодветни на потребите на корисниците и актуелните трендови. Истиот нуди најразлични можности за младите како што се:

  • Јакнење на капацитети и развој на меки вештини
  • Обуки, семинари, академии и тренинзи за проширување на заењата
  • Можности за унапредување на младинските кадри во лидери, заменици лидери и претставници со Совет на млади
  • Вмрежување со остантите волонтери на национално и меѓународно ниво
  • Проширување на пријателствата и креирање незаборвни спомени

Проектите и програмите на Клубовите на млади во твојата заедница

Нов сегмент на нашата страна кој има за цел да ја приближи работата на младите до заедницата во која делуваат – НАСКОРО!

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025