Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Дистрибуција на постери за промоција на хигиена и заштита од КОВИД19

2021-01-20

Дистрибуција на постери за промоција на хигиена и заштита од КОВИД19

Во периодот од декември 2020 до јануари 2021, Црвениот крст на Република Северна Македонија, преку 32 Општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје, спроведе засилена кампања за промоција на хигиена и заштита од КОВИД19 согласно Акцискиот план на Владата на РСМ за справување со ситуацијата со КОВИД19.

Волонтерите и вработените лица во Општинските организации и Црвен крст на град Скопје, на територија на целата држава дистрибуираа 1000 постери на македонски јазик и 570 постери на албански јазик до ранливи институции како што се образовните институции (градинки, основни училишта, факултети итн) со акцент на рурални средини или области со ранливо население и воедно дополнително и во останати институции како што се медицински установи, ординации, јавни места итн.

Преку реализација на оваа зајакната кампања, директно и индиректно беа опфатени повеќе од 200 000 граѓани на територијата на целата држава и над 460 институции.

Кампањата помина во најдобар ред и голем интерес од страна на институциите и останатите организации за дополнителни активности и барање за дополнителна количина на постери за промоција на хигиена и заштита од КОВИД19.

Дистрибуцијата на постерите е во рамките на проектот – Активности на Црвен крст на РСМ за одговор на КОВИД19, поддржан од Меѓународна Федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025