Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Едукација на  нови мотиватори за доброволно крводарителство

2022-10-03

Едукација на нови мотиватори за доброволно крводарителство

Во периодот од 30 септември до 02 октомври 2022 година  во Струга –Хотел,,Солферино,, се одржа работилница за едукација на  нови мотиватори за доброволно крводарителство каде учество земаа 18 учесници претставници на општинските организации на Црвен крст  Куманово, Крива Паланка, Пробиштип. Свети Николе, Штип, Кочани, Делчево, Берово, Струмица, Валандово, Гевгелија, Карпош, Кисела Вода и Центар.

На работилницата беа обработени неколку теми како: крводарителството во РСМ и светот, Стратегија за доброволно крводарителство за 2022-2026 година, тим за координација и работа на Дневен центар за дарување крв, крв и крвни елементи  и актуелности во современата трансфузиона медицина, исхрана според крвни групи и здрав начин на живот, мотивација и нов концепт за мотивација за крводарителство, психолошки аспекти на крводарителството – со посебен акцент на промовирање на еднаквоста и почитување на различноста (недискриминативно постапување, стереотипи и предрасуди), комуникација, видови комуникација, пречки во комуникација, фактори и чувства за ефективна комуникација, процес на активно слушање и аспекти на тим и тимска работа во крводарителството.

Содржините на обуката беа презентирани преку презентации, работа во групи, прикажување на видео материјали, презентирање на едукативен и промотивен материјал, споделување на позитивни искуства и примери.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025