Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
„Геопросторни подготовки за одговор при катастрофи“

2018-03-30

„Геопросторни подготовки за одговор при катастрофи“

Во период од 26-29 март 2018  год. во организација на Министерството за одбрана/ цивилна воена соработка и Инженерскиот корпус на Армијата на Соединетите Американски Држави, се реализира работилницата на тема „Геопросторни подготовки за одговор при катастрофи“ , во која со свои учесници учествуваат субјектите кои се дел од системот за управување со кризи, а Црвен крст на РМ учествуваше со 5 претставници.

Цел на работилницата беше учесниците да се стекнат со знаења на користење на софтверот   веб базирана комуникациска платформа „Следна генерација на систем за управување/командување при инциденти“ (Next-Generation Incident Command System – NICS), со практична примена на знаењата и искуствата произлезени и преземени од Системот за управување/командување со инциденти (Incident Command System), кој е развиен и веќе подолго време се користи во Соединетите Американски Држави.

 “NICS” претставува веб-базирана алатка, наменета првенствено за подобрена ситуациона свест на тимовите за одговор при итни состојби и катастрофи, како и за поефикасна и поефективна соработка и меѓуагенциска интероперабилност во услови на итни состојби и катастрофи.

Веб алатката има можност за постојана надградба и интеграција со постоечкиот системи во Република Македонија и во регионот, доверлива е и истовремено поседува архитектура која овозможува лесна дистрибуција и лесен пристап на сите вклучени субјекти, како и на субјектите кои дополнително ќе пројават интерес за вклучување во проектот.

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025