Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Одржани обуки за промоција на хигиена

2024-12-25

Одржани обуки за промоција на хигиена

Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 23-24.12.2024 година спроведе две обуки за промоција на хигиена. Со обуките беа опфатени 36 волонтери од 28 ООЦК и ЦКГС.  Обуките имаа за цел да ги унапредат знаењата и вештините на волонтерите на Црвениот крст за една од наједноставните, но истовремено и најмоќните алатки за превенција на заразни заболувања – одржувањето на хигиената.

Хигиената не е само индивидуална одговорност, таа е колективна обврска која директно влијае на здравјето на луѓето околу нас. Непочитувањето на основните хигиенски принципи е една од главните причини за појава на многу заразни заболувања, како што се дијареалните болести, респираторните инфекции и кожните заболувања.

Во ракми на обуките волонтерите се запознаа со релевантни информации и податоци од Светската здравствени организација поврзани со хигиената, сегментална поделба на хигиената, практични совети за нејзина примена и користење на лична заштитна опрема во секојдневни, но и во кризни и итни состојби.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025