Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Информирањето и комуникациите, важен сегмент за промоција на активностите за воспоставување на семејни врски

2017-11-20

Информирањето и комуникациите, важен сегмент за промоција на активностите за воспоставување на семејни врски

Со цел подобрување на одговорот на предизвиците на мрежата за Воспоставување на семејни врски и ефикасната интеграција со активностите за информирање и комуникација во врска со мигрантската криза која во изминатиот период го зафати регинот, Регионалната канцеларија на Меѓународниот Комитет на Црвен крст во Белград на 15 и 16 ноември организираше состанок на координаторите и теренските работници за Воспоставување на семејни врски и лицата одговорни за информирање и комуникации во националните друштва од Црвениот крст на Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Албанија, Романија и Унгарија.

Со темите кои се обработуваа на состанокот се направи спој на сработеното досега на планот на Воспоставување на семејни врски и плановите за понатамошно делување, а особено внимание се посвети на структурата на одделите за информирање и комуникации во националните друштва присутни на состанокот и начинот на соработка на овие два оддела за време на мигрантската криза. Од состанокот произлезе заеднички заклучок дека оваа соработка и тоа како придонесе за промоција на активностите за воспоставување на семејни врски во сите национални друштва кои ги третираа проблемите на мигрантите и ја истакна оваа активност како приоритет во работата на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025