Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Меѓународен ден на стари лица

2021-09-30

Меѓународен ден на стари лица

По повод 1 Октомври – Меѓународниoт ден на старите лица Црвениот крст на Република Северна Македонија се приклучува во глобалната кампања за борба против диксриминација по основ на возраст (ageism) под мотото #СветЗаСитеВозрасти (#AWorld4AllAges). Кампањата е иницирана од Светска здравствена организација (СЗО) со вклученост на  Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина. Кампањата започнува од 1. Октомври и трае до 20. Ноември.

Дискриминацијата по основ на возраст се однесува на стереотипите, предрасудите кон другите или кон себе врз основа на возраста. Таа  влијае на сите возрасти, дури и децата на возраст од 4 години стануваат свесни за стереотипите за нивната возраст. Од таа возраст па натаму тие ги интернализираат и ги користат овие стереотипи за да ги водат нивните чувства и однесување кон луѓе од различна возраст. Дискриминацијата по основ на возраст ја препознава и нашата национална легиластива (Закон за спречување и заштита од дискриминација) и предвидува можност за институционална реакција по сторена дискриминација по тој основ.

Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамки на кампањата ќе спроведе истражување за перпцепции за постење на дискриминација по основ на возраст меѓу општата популација. Целта е да се обезбедат првични податоци кои понатаму ќе бидат предмет на анализа која ќе послужи како основ за понатамошно истражување и преземање на активности за вклученост на Црвениот крст на РСМ во борбата против овој тип на дискриминација.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025