Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Настан со учесници на симулациска вежба “Хуманитарен Одговор 2023”

2023-11-06

Настан со учесници на симулациска вежба “Хуманитарен Одговор 2023”

На 5-ти ноември 2023 година Црвениот крст на РСМ организираше настан со учесниците на симулациската вежба “Хуманитарен Одговор 2023”. Настанот се одржа во хотел Мериот во Скопје во присуство на голем број на институции и компании кои учествуваа и ја поддржаа организацијата и спроведувањето на симулациската вежбата која имаше за цел да се претстават капацитетите, можностите и подготвеноста на Црвениот крст на Северна Македонија и координираноста и заедничкиот одговор при итни состојби. Вежбата беше реализирана на 18 октомври 2023 година под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија г.дин Стево Пендаровски и со поддршка на Владата на Република Северна Македонија.

На настанот пригодно обраќање имаше генералниот секретар на Црвен крст на РСМ д-р Саит Саити кој искажа задоволство и благодарност за одличната реализација на симулациската вежба која покажа дека преку инвестирање во надградба и унапредување на капацитетите на сите задолжени институции и чинители сите заедно може да дадеме посебен придонес во унапредување на безбедноста и добросостојбата на граѓаните на Република Северна Македонија при итни состојби. Честитки и благодарност за добрата организација на симулациската вежба беа упатени и од страна на г-ѓа Јована Тренчевска, Министер за труд и социјална политика во име на Владата на РСМ.

Во знак на благодарност за поддршката и реализацијата на симулациската вежба на настанот беа доделени пригодни благодарници на Црвениот крст на РСМ на учесници и поддржувачи во симулациската вежба на кои не им беа доделени благодарници на денот на организацијата на симулациската вежба.  Благодарници беа доделени на Владата на Република Северна Македонија, Бирото за јавна безбедност, Противпожарна бригада, Македонска радио телевизија, ЈЗУ Здравствен дом Скопје-Служба за  Итна медицинска помош, Градска општа болница 8-ми септември, ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство-Скопје, Клиника Жан Митрев, ПЗУ Неуромедика, Клиничка болница Аџибадем Систина и  Комора на психолози. Исто така беа доделени и благодарници на Црвениот крст на РСМ на следниве јавни претпријатија и компании кои обезбедија поддршка и спонзорство за успешна реализација на вежбата: Стопанска комора на Македонија – Турција, Алма-М,  Даути-Комерц, Европа 92, Пивара Скопје, Ресторан Градина, ЈСП Скопје, Екологистик сервис, Фрукт Импорт, Дугојон инженеринг, ЈП Паркинзи на Општина Центар, ЈП Градски паркинг, ЈП Улици и патишта, ЈП Паркови и зеленило, Скопје Мериот Хотел.

Благодарници на Црвениот крст на РСМ беа доделени и на г-дин Ванчо Шонтевски, директорот на симулациската вежба, г-дин Бурак Шабани,  коодиректорот на симулациската вежба и г-дин Иван Кузмановски, модератор на симулациската вежба.

На настанот учесниците имаа можност да го проследат видео записот од симулациската вежба на која учествуваа голем број на специјализирани тимови на Црвениот крст на Република Северна Македонија, институции од системот за кризен менаџмент на државата, претставници на министерства на Владата на РСМ, Армијата на РСМ, голем број на здравствени институции и јавни претпријатија и партнерски организации на Црвен крст од регионот и пошироко.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025