Настан со учесници на симулациска вежба “Хуманитарен Одговор 2023”
На 5-ти ноември 2023 година Црвениот крст на РСМ организираше настан со учесниците на симулациската вежба “Хуманитарен Одговор 2023”. Настанот се одржа во хотел Мериот во Скопје во присуство на голем број на институции и компании кои учествуваа и ја поддржаа организацијата и спроведувањето на симулациската вежбата која имаше за цел да се претстават капацитетите, можностите и подготвеноста на Црвениот крст на Северна Македонија и координираноста и заедничкиот одговор при итни состојби. Вежбата беше реализирана на 18 октомври 2023 година под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија г.дин Стево Пендаровски и со поддршка на Владата на Република Северна Македонија.
На настанот пригодно обраќање имаше генералниот секретар на Црвен крст на РСМ д-р Саит Саити кој искажа задоволство и благодарност за одличната реализација на симулациската вежба која покажа дека преку инвестирање во надградба и унапредување на капацитетите на сите задолжени институции и чинители сите заедно може да дадеме посебен придонес во унапредување на безбедноста и добросостојбата на граѓаните на Република Северна Македонија при итни состојби. Честитки и благодарност за добрата организација на симулациската вежба беа упатени и од страна на г-ѓа Јована Тренчевска, Министер за труд и социјална политика во име на Владата на РСМ.
Во знак на благодарност за поддршката и реализацијата на симулациската вежба на настанот беа доделени пригодни благодарници на Црвениот крст на РСМ на учесници и поддржувачи во симулациската вежба на кои не им беа доделени благодарници на денот на организацијата на симулациската вежба. Благодарници беа доделени на Владата на Република Северна Македонија, Бирото за јавна безбедност, Противпожарна бригада, Македонска радио телевизија, ЈЗУ Здравствен дом Скопје-Служба за Итна медицинска помош, Градска општа болница 8-ми септември, ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство-Скопје, Клиника Жан Митрев, ПЗУ Неуромедика, Клиничка болница Аџибадем Систина и Комора на психолози. Исто така беа доделени и благодарници на Црвениот крст на РСМ на следниве јавни претпријатија и компании кои обезбедија поддршка и спонзорство за успешна реализација на вежбата: Стопанска комора на Македонија – Турција, Алма-М, Даути-Комерц, Европа 92, Пивара Скопје, Ресторан Градина, ЈСП Скопје, Екологистик сервис, Фрукт Импорт, Дугојон инженеринг, ЈП Паркинзи на Општина Центар, ЈП Градски паркинг, ЈП Улици и патишта, ЈП Паркови и зеленило, Скопје Мериот Хотел.
Благодарници на Црвениот крст на РСМ беа доделени и на г-дин Ванчо Шонтевски, директорот на симулациската вежба, г-дин Бурак Шабани, коодиректорот на симулациската вежба и г-дин Иван Кузмановски, модератор на симулациската вежба.
На настанот учесниците имаа можност да го проследат видео записот од симулациската вежба на која учествуваа голем број на специјализирани тимови на Црвениот крст на Република Северна Македонија, институции од системот за кризен менаџмент на државата, претставници на министерства на Владата на РСМ, Армијата на РСМ, голем број на здравствени институции и јавни претпријатија и партнерски организации на Црвен крст од регионот и пошироко.