Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Недела на грижа за старите лица

2019-11-15

Недела на грижа за старите лица

Современиот свет е во процес на демографска транзиција, не само во поглед на забавување на порастот на населението, туку и неговата структура е во фаза на менување поради намалување на учеството на младите и зголемување на старите лица. Како и во другите земји и во Северна Република Македонија бројот на старото население расте, а се очекува тој тренд во иднина уште повеќе да се зголеми.

Покрај помошта што ја обезбедуваат надлежните институции, грижата и помошта на старите лица е една од основните програмски активности на Црвениот крст на РСМ. Особено се дава значаен акцент за развој на сервиси за испорака на  социјални и здравствени услуги за помош и грижа  на старите лица во домашни услови. Исто така преку спроведување на соодветни активности се посветува внимание за активно и здраво стареење на населението. Како членки на мрежата ИнклузиваМ, и членови во Владините тела – Координативно тело за следење и евалуација на  имплементацијата на Националната Стратегија за стари лица и Советот за социјална сигурност, Црвениот крст на РСМ дава активен придонес во имплементација на мерките и активностите кои ги презема државата  за социјална вклученост на старите лица.

Со цел да се потенцира значењето за потребата од зголемена интеграција на старите лица, Црвениот крст на Република Северна Македонија  од 18 до 24 ноември со соодветни активности  ја одбележува Недела на грижа на старите лица, под мотото „Сите сме нивни деца“. Во текот на неделата преку општинските организации на Црвениот крст и Црвениот крст на град Скопје,  ќе се организираат следните активности: јавни настани со претставници на владини институции,  граѓанскиот сектор за поттикнување на активности за активно и здраво стареење и развој на вонинституционални форми за заштита на старите лица; посети на стари  и изнемоштени лица во нивни домови, особено во рурални средини, со вклученост на млади волонтери на Црвениот крст и ангажирање на  здравствени работници; едукативни работилници на теми од интерес за старите лица; креативни работилници; рекреативни активности, како и тематски работилници за поттикнување на социјална инклузија на старите лица. 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025