Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ПРАЗНИК  БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ 2019

2019-01-22

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ПРАЗНИК БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ 2019

Традиционално, Црвен крст на град Скопје  и оваа година даде логистичка и медицинска поддршка во обезбедувањето на верскиот настан Богојавление Водици. Настанот се одржа на  реката Вардар, под мостот Слобода и на истиот  зедоа учество 140 верници.

Имајќи ги предвид ниските температури  на вода на рeкaта Вардар, оваа година успешното и безбедно се одвиваше настанот . За безбедноста на учесниците  во вода беа задолжени 40 волонтери и вработени на Црвен крст на град Скопје, екипи на Центарот за безбедност на вода  кои заедно со Тимот за спасување на планина поставија систем јажиња  и спасителен чамец  со спасители во неопрени кои беа подготвени да вадат потенцијални давеници од ладните води на  Вардар.

Екипите на Тимот за одговор при катастрофи поставија и тријажни центри  и пружија поддршка на спасителите од брегот. На настанот,  беа евидентирани 10 интервенции кои за среќа беа успешно санирани.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025