Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ОБУКА ЗА ДИСЕМИНАТОРИ

2018-06-05

ОБУКА ЗА ДИСЕМИНАТОРИ

Во период од 01-03.06.2018 во Центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга беше спроведен семинар за обука на нови дисеминатори – волонтери од општинските организации на Црвен крст на Република Македонија.

На обуката учествуваа 19 волонтери од 17 општински организации на Црвен крст: Берово, Македонски Брод, Валандово, Виница, Гевгелија, Демир Хисар, Дебар, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Пробиштип, Радовиш,   Ресен, Свети Николе, Струга и Штип. Семинарот го спроведе тим на фасилитатори од Централната канцеларија на Црвен крст на Република Македонија. Обуката се реализираше  преку презентации, дискусии, работа во групи, вежби.

Обуката беше спроведена со разработка на повеќе тематски содржини: Првиот работен ден се дискутираа зачетоците и основањето на Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина и улогата, структурата и основните принципи на Движењето.

Во текот на вториот ден од обуката беше насечена на амблемите на Движењето, основите на меѓународно хуманитарно право, и поединечно презентирање на мандатот и улогите на компонентите на Движењето, односно Меѓународен Комитет на Црвен крст, националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина, и Меѓународна Федерација на друштва на Црвен крст и Црвена. Сите презентации по тематските содржини беа пропратени со соодветни вежби и групни активности. Посебен акцент беше ставен на програмите на Црвениот крст на Република Македонија, и истакнување на клучни активности кои се реализираат во општинските организации на Црвен крст.

Во текот на третиот ден од обуката се резимираа првиот и вториот ден, се дадоа инструкции за работа на терен, и дисеминаторите добија задача да реализираат три обуки до крајот на месец јуни за соодветни целни групи во своите локални средини.

На крај секој од дисеминаторите доби сертификат за успешно завршена дисеминациска обука.

 

 

 

 

 

 

 

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025