ОБУКА ЗА ДИСЕМИНАТОРИ
Во период од 01-03.06.2018 во Центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга беше спроведен семинар за обука на нови дисеминатори – волонтери од општинските организации на Црвен крст на Република Македонија.
На обуката учествуваа 19 волонтери од 17 општински организации на Црвен крст: Берово, Македонски Брод, Валандово, Виница, Гевгелија, Демир Хисар, Дебар, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Струга и Штип. Семинарот го спроведе тим на фасилитатори од Централната канцеларија на Црвен крст на Република Македонија. Обуката се реализираше преку презентации, дискусии, работа во групи, вежби.
Обуката беше спроведена со разработка на повеќе тематски содржини: Првиот работен ден се дискутираа зачетоците и основањето на Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина и улогата, структурата и основните принципи на Движењето.
Во текот на вториот ден од обуката беше насечена на амблемите на Движењето, основите на меѓународно хуманитарно право, и поединечно презентирање на мандатот и улогите на компонентите на Движењето, односно Меѓународен Комитет на Црвен крст, националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина, и Меѓународна Федерација на друштва на Црвен крст и Црвена. Сите презентации по тематските содржини беа пропратени со соодветни вежби и групни активности. Посебен акцент беше ставен на програмите на Црвениот крст на Република Македонија, и истакнување на клучни активности кои се реализираат во општинските организации на Црвен крст.
Во текот на третиот ден од обуката се резимираа првиот и вториот ден, се дадоа инструкции за работа на терен, и дисеминаторите добија задача да реализираат три обуки до крајот на месец јуни за соодветни целни групи во своите локални средини.
На крај секој од дисеминаторите доби сертификат за успешно завршена дисеминациска обука.