Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Одбележување на 8 мај- Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

2018-05-08

Одбележување на 8 мај- Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

На 8 мај- Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина ја прославуваме силата и моќта на нашата глобална мрежа, како и придонесот на нашиот персонал и на околу 14 милиони волонтери во светот преку мотото “Секаде за секого”Централниот настан се одбележуваше во градскиот плоштад во Скопје како дел од активностите се реализираше параолимписка игра „Бочија“ наменета за лица со посебни потреби. Како учесници се вклучија лицата од Дневните центри за лица со посебни потреби од Скопје, Велес, Кавадарци, Дебар, Делчево, Кичево,Гостивар и Прилеп, а со цел поддршка промоција на еднаквите можности и подигнување на јавната свест за лицата со посебни потреби, кон настанот се приклучија и волонтерите од Црвен крст на град Скопје и Општинските организации на територија на град Скопје.

Исто така активно во параолимписката игра се вклучија ученици од 10 средни училишта на територија на град Скопје, во кои се реализира проектот „Училишни клубови за едукација и превенција на Црвен крст“. Учениците и нивните одговорни професори дадоа придонес кон полесна реализација на играта, помош и поддршка кон лицата со попреченост.

Свое обраќање имаше и претседателот на Црвен крст на РМ г-дин Ромел Велев и генералниот директор на Македонски пошти г-дин Фаадис Реџепи каде и ја промовираше и новата поштенска марка.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025