Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Одбележување на Недела на млади

2021-11-02

Одбележување на Недела на млади

По повод Недела на млади Црвениот крст на Република Северна Македонија [1-7 октовмри] и Општинските организации преземаа низа активности за афирмација на младинското учество во рамки на организацијата низ текот на целиот месец.

Како изгледаше Неделата на млади низ бројки?
– вклучени 27 Клубови на млади од Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје
– остварени 11 гостувања во радио и телевизиски емисии
– снимени се 15 видео записи
– објавени се 7 статии во локални електронски медиуми
– организирани се 3 спортски настани
– организирани 18 промотивни штандови
– насликани 13 мурали.

Во активностите беа вклучени 355 волонтери од Клубовите на млади додека пак регрутирани се над 250 потенцијални млади волонтери. Од страна на Централната канцеларија за време на Неделата се креирани 10 промотивни објави за социјалните медиуми кои имаат за цел да ја доближат работата на организацијата до младите.

НАШАТА ПРИКАЗНА ПРОДОЛЖУВА СО ТЕБЕ!

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025