Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Одржан 29-ти Државен натпревар по прва помош

2023-09-25

Одржан 29-ти Државен натпревар по прва помош

Црвениот крст на Република Северна Македонија на 23 септември 2023 година во Младински парк – Велес  го организираше 29-от по ред Државен натпревар на екипите по прва помош. На натпреварот учество земаа 30 екипи. Екипите се натпреваруваа во 2 траектории со 5 работни позииции од областа на прва помош.

Победник на овогодинешниот Државен натпревар по прва помош е екипата на ООЦК Велес со освоени 856 поени. Како второпласирана е екипата на ООЦК Струмица со освоени 841 поени, а третото место им припадна на екипата на ООЦК KКуманово  со освоени вкупно 837 поени.

Првата помош е непроценлива животна вештина која децата треба да ја надоградуваат во текот на животот. Црвениот крст на Република Северна Македонија и во иднина ќе продолжи да ги едуцира и инспирира младите во државата со духот на хуманоста, човечноста и љубезноста што се дел од визијата и мисијата на Црвениот крст.

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025