Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Почитувани

2015-05-26

Почитувани

nepal _pomos

Силниот катастрофален земјотрес од 7,9 степени според Рихтеровата скала кој на 25 април 2015 година го погоди Непал предизвика големи материјални штети и човечки загуби.Според известувањата на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина во Непал загинаа над 8.700 лица, а околу 1.7 милиони деца ја загубија сигурноста.

Црвениот крст на Република Македонија веднаш се приклучи кон прелиминарниот aпел објавен од страна на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина за помош на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Непал.

Преку мобилните телефони T-mobile, One, VIP 070/075/077 143 400 и сметката на Фондот на солидарност собрани се вкупно 1.049.750 денари или 17.000 евра.

Собраните средства се уплатени на сметката на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина за помош настраданото население во Непал на ден 22.05.2015 година.

Црвениот крст на РМ упатува голема благодарност до институциите, компаниите и граѓаните за вклученоста и поддршката на хуманитарната акција.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025