Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Посета на амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија во просториите на Црвениот крст на Република Северна Македонија

2020-01-22

Посета на амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија во просториите на Црвениот крст на Република Северна Македонија

Денес, на 22ри Јануари 2020 година во посета на Црвениот крст на Република Северна Македонија беше амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, г-дин Карло Ромео.

Амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, г-дин Карло Ромео беше примен од страна на Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, г-дин Саит Саити. Тој го информираше амбасадорот за редовните активности на Црвениот крст на Република Северна Македонија, како и за мисијата, визијата и идните планови и предизвици кон кои се стреми Националното друштво.

Амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, г-дин Карло Ромео се заблагодари за топлиот прием и изрази интерес и желба за понатамошна соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија.

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025