Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Посета на делегација на Албански Црвен крст

2022-10-31

Посета на делегација на Албански Црвен крст

Во периодот од 28-29.10.2022 година во посета на Црвен крст на Република Северна Македонија беше делегација на Албански Црвен крст предводена од Генералниот секретар на Црвен крст Албанија Артур Катучи, претседателот на Црвениот крст Албанија Или Алуши, потпретседателот и членови на Раководниот одбор на Црвен крст Албанија.

За време на посетата делегацијата оствари посета на централната канцеларија при што реализираше средби со Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ Саит Саити, претседателот на ЦКРСМ Ромел Велев, потпретседателите на ЦКРСМ и дел од стручна служба.

Примарна цел на посетата беше разгледување на тековната програмска соработка и детектирање на можности за унапредување на соработката во различни програмски области на двете национални друштва.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025