Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Посета од страна на преставници на Европската регионална канцеларија на МФЦК

2021-06-30

Посета од страна на преставници на Европската регионална канцеларија на МФЦК

Во периодот 29-01.07.2021 година Црвениот крст на Република Северна Македонија беше посетен од страна на претставници на Европската регионална канцеларија на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина Др. Даврон Мукамадиев – Регионален координатор за здравје и грижа и Др. Анета Тргачевска – Регионален делегат за програми за здравје и активно стареење. За време на посетата се одржа средба со Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ д-р Саит Саити, состанок со стручната служба во Црвен крст на РСМ, претставници од СЗО и УНФПА, состанок со вработените во Црвен крст на град Скопје и се посетија центарот за прва помош, пункт за бездомници, центарот за крводарување, оперативниот центар на ЦКРСМ и логистичкиот центар ЦКРСМ. За време на посетата се претставуваа активностите на НД и се дискутираа можности за развивање на идни иницијативи и споделување на добри практики во работата.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025