Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Потпишани договори со 12 граѓански здруженија за поддршка на проекти за социјална инклузија на старите лица

2017-11-02

Потпишани договори со 12 граѓански здруженија за поддршка на проекти за социјална инклузија на старите лица

Во рамките на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ финансиран од Европската унија, финансиски поддржан од Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој, Црвениот крст на Република Македонија и здружението Хуманост како зеднички партнери во проектот, објавија повик до граѓанските здруженија за поддршка на проекти за социјална инклузија на старите лица. Врз основа на направената евалуација беа селектирани  проекти на 12 граѓански здруженија.

Црвениот крст на Република Македонија и Хуманост на 01 ноември 2017 година одржаа средба со претставници на  граѓанските здруженија на која беа потпишани договорите за поддршка на проектите за социјална инклузија на старите лица. Од страна на генералниот секретар на Црвениот крст на РМ г-дин Саит Саити беа упатени честитки до  граѓанските здруженија добитници на под-грантовите и беше изразено задоволство од нивниот интерес да се вклучат и дадат придонес во остварување на  подобра социјална вклученост на старите лица во заедниците.

Претставниците на граѓанските здруженија беа поздравени и од страна на извршниот директор на Хуманост г-дин Сашко Јованов кој меѓу другото го истакна значењето на понудените проектни иницијативи со кои ќе се поттикне активно учество на старите лица и ќе се стави акцент на прашања поврзани со приоритети на старите лица, особено во однос на нивна подобра социјална вклученост.

Од страна на претставниците на граѓанските здруженија беше искажана благодарност на Црвениот крст на РМ и Хуманост за обезбедената поддршка на проектите активности наменети за зголемено учество на старите лица во општествениот живот.

На средбата исто така беа дадени и инструкции за спроведување на процесот на имплементација на проектните иницијативи кои граѓанските здруженија ќе имаат можност да ги имплементираат во период од десет месеци.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025