Повик за набавка на софтвер за следење (мониторинг) на Итно копче.
Црвениот крст на Република Северна Македонија, во рамките на проектот „ Поддршка за инклузивен развој на услуги за долгорочна грижа во заедниците преку инкорпорирање на партиципативни пристапи на различни чинители“ (InCARE), чија цел е промовирање на партиципативни, иновативни и интегрирани пристапи кон долгорочна грижа развој на политика и услуги објавува повик за набавка на мониторинг софтвер за воспоставување на сервис на Итно копче.
Проектот е финансиран од Европската комисија „ EaSI PROGRESS AXIS – Повик за предлози за социјални иновации и национални реформи за Долгорочна грижа – VP/2019/003 “ Договор за грант за акција со повеќе корисници – број на договорот VS / 2020/0258 .
Целиот оглас може да го пронајдете на следниот линк. (pdf)
Заинтересираните ентитети, најдоцна до 20.04.2021 до 16:00 часот , потребно е да аплицираат:
Електронски на следната е-адреса: komisijazanabavki@redcross.org.mk со назнака Мониторинг Софтвер за сервис Итно копче.
Избраните кандидати ќе бидат известени, по електронски пат, најдоцна 3 дена по изборот.