април 15, 2021

Повик за набавка на софтвер за следење (мониторинг) на Итно копче.


Notice: Undefined variable: sharify_buttons in /home/ckrm/public_html/wp-content/plugins/sharify/sharify.php on line 333

Црвениот крст на Република Северна Македонија, во рамките на  проектот „ Поддршка за инклузивен развој на услуги за долгорочна грижа во заедниците преку инкорпорирање на партиципативни пристапи на различни чинители“ (InCARE), чија цел е промовирање на партиципативни, иновативни и интегрирани пристапи кон долгорочна грижа развој на политика и услуги објавува повик за набавка на мониторинг софтвер за воспоставување на сервис на Итно копче.

 Проектот е финансиран од Европската комисија „ EaSI PROGRESS AXIS – Повик за предлози за социјални иновации и национални реформи за Долгорочна грижа – VP/2019/003 “ Договор за грант за акција со повеќе корисници – број на договорот VS / 2020/0258 .

Целиот оглас може да го пронајдете на следниот линк. (pdf)

Заинтересираните ентитети, најдоцна до 20.04.2021  до 16:00 часот , потребно е да аплицираат:

Електронски на следната е-адреса: komisijazanabavki@redcross.org.mk со назнака Мониторинг Софтвер за сервис Итно копче.

Избраните кандидати ќе бидат известени, по електронски пат, најдоцна 3 дена по изборот.

< врати се назад