Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
“Предизвици и практики на соработката меѓу граѓанското општество и бизнис”

2017-05-18

“Предизвици и практики на соработката меѓу граѓанското општество и бизнис”

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија и Фондацијата за развој на образованието и културата Албиз на 17 мај 2017 година во Скопје организираше завршна конференција “Предизвици и практики на соработка меѓу граѓанското општество и бизнис”.

Конференцијата беше организирана од страна на Aлбиз Фондацијата и СКСЗМ во рамките на проектот “Финансиска одржливост на НВО преку соработка со бизнис секторот”.

Целта на проектот беше да се придонесе за одржливоста на граѓанското општество во земјата преку зголемување на финансиската независност на невладините организации со цел развој на нивниот капацитет, да се мобилизираат дополнителни средства за поддршка на потребите на целните групи (со НВО фокус – НВО кои работат со маргинализирани групи).

На самата конференција излагање имаше и генералниот секретар на Црвениот крст на д-р Саит Саит кој зборуваше за соработка на оваа организација со приватни компании.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025