Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Проект ,,Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во ЦКРСМ,, : Координативна средба во Регионалниот тренинг Центар за нега во ООЦК Струмица

2021-11-11

Проект ,,Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во ЦКРСМ,, : Координативна средба во Регионалниот тренинг Центар за нега во ООЦК Струмица

Во рамките на проектот ,,Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во ЦКРСМ’’ поддржан од  стратешкото партнерство на Австриска Агенција за развој, Австриски Црвен крст, Швајцарски Црвен крст и ЦКРСМ,  на 10.11.2021, во Општинската организација на Црвен крст Струмица се оддржа координативна средба.

На состанокот учество земаа претставник на Австриската делегација,од Централната канцеларија на Црвен крст на РСМ, како и секретарите на ООЦК Струмица, Валандово, Радовиш и Гевгелија.

Целта на состанокот беше преглед на досегашните спроведени активности во Регионалниот тренинг Центар во ООЦК Струмица, очекувани и постигнати резултати од обуките за негуватели за нега и помош во домот за стари лица и лица со попреченост, како и понатамошни активности кои претстојат во рамки на проектот.

Последователно, како дел од проектните активности, беа свечено доделени и Сертификатите на 15те учесници кои успешно ја завршија третата поддржана обука за негувател/ка за помош и нега во домот на стари лица и лица со попреченост.  

Project ,,Integrated care and support service business development in the RCNM,,

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025