Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
“Психо-социјална поддршка и Прва Психолошка Помош при кризни настани и итни состојби”

2023-12-25

“Психо-социјална поддршка и Прва Психолошка Помош при кризни настани и итни состојби”

Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка на Црвениот крст на Република Северна Македонија во соработка со Комората на психолози на РСМ, во периодот од 22 до 24.12.2023 година,  одржа тренинг на тема Психо-социјална поддршка и Психолошка прва помош, со поддршка на Меѓународната Федерација на националните друштва на Црвен крст и Црвената полумесечина.

На тренингот беа присутни 22 учесници од Националниот тим за Психо-социјална поддршка, од Црвен крст на град Скопје, ООЦК Кичево, ООЦК Кавадарци, ООЦК Гостивар, ООЦК Охрид и ООЦК Струга.

Целта на тренингот беше да се зајакнат капацитетите на националниот тим за психо-социјална поддршка. Тренингот беше од партиципативен и практичен пристап и се опфатија клучни теми: Кризни настани и итни состојби / Психо-социјална поддршка, Стрес и справување со стрес, Психо-социјална поддршка во заедницата, Принципи на ПСП и Хобфол, Психо-социјална поддршка за деца, Прва Психолошка помош итн.

Посебен акцент се стави на темата “Поддршка за волонтери и вработени / грижа за себеси и меѓусебна поддршка”.

Учесниците имаа можност да ги продлабочат своите знаења за психо-социјална поддршка и прва психолошка помош при кризни и итни состојби. Оваа активност ги зајакна капацитетите на учесниците кои понатаму ќе реализираат и имплементираат активности за прва психолошка помош и психо-социјална поддршка. Учесниците обучени за психо-социјален одговор при кризи, се дел од компонентата за справување и дејствување во кризи на Центарот на Ментално Здравје и Психо-социјална поддршка.  

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025