Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
РАБОТИЛНИЦА ЗА ДИСЕМИНАТОРИ

2021-06-14

РАБОТИЛНИЦА ЗА ДИСЕМИНАТОРИ

Во период од 09-11.06.2021 во Центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга беше спроведена работилница за постојните дисеминатори – волонтери од Општинските организации на Црвен крст на Република Северна Македонија.

Целта на работилницата беше да се надградат постојните капацитети на дисеминаторите од општинските организации со нови знаења и да се дадат насоки за одржување на дисеминациски сесии со специфични целни групи. Во рамките на работилницата акцент беше ставен на објаснување на уредувањето на работата на Црвениот крст на РСМ и одржување на дисеминациски сесии со потенцијални волонтери, потенцијални соработници од профилот на институции, потенцијални донатори од корпоративниот сектор и претставници од медиуми. Работилницата беше спроведена од тим на фасилитатори од Централната канцеларија на Црвен крст на Република Северна Македонија каде темите се реализира преку презентации, дискусии, работа во групи и интерактивни вежби.

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025