Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Реализирана обука за предавачи и демонстратори по прва помош

2024-02-26

Реализирана обука за предавачи и демонстратори по прва помош

Црвен крст на Република Северна Македонија во период од 24-25.02.2024 година во просториите на ЦКРСМ одржа обука по прва помош за нови предавачи и демонстратори за наставната програма за оспособување на кандидати за возачи на моторни возила за укажување на прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода.

На обуката присуствуваа вкупно 16 кандидати од 6 Општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје од кои 6 кандидати за предавачи и 10 кандидати за демонстратори по прва помош. За време на обуката кандидатите земаа активно учество во практичниот дел од обуката, истовремено покажаа голем интерес и знаење што доведе до успешно спроведување на наставата.

Со овие обуки Црвениот крст на РСМ има за цел да создаде нови кадри на квалитетни предавачи и демонстратори кои на правилен и соодветен начин ќе го пренесат своето знаење од областа на прва помош на кандидатите за возачи на моторни возила.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025