Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Регионален лидерски состанок на Меѓународна федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина во Будимпешта Унгарија

2015-06-10

Регионален лидерски состанок на Меѓународна федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина во Будимпешта Унгарија

federacija

Во периодот од 3 – 4 јуни, 2015 година делегација на Црвениот крст на Република Македонија предводена од генералниот секретар д-р. Саит Саити учествуваше на регионалниот консултативен лидерски состанок кој се одржа во Будимпешта Унгарија. На состанокот присуствуваа претставници на Меѓународната федерација од Женева и Будимпешта, претставници на Меѓународниот Комитет на Црвен крст како и претставници на повеќе национални друштва од Европа.

На состанокот беа презентирани повеќе содржини како на пример предлог измени на уставот на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина и беа водени дискусии околу модалитети за поуспешување на работата на раководниот одбор на Меѓународната Федерација. На работната средба од исто така се дискутираше околу активностите на националните друштва за спроведување на заклучоците од Европската Конференција од Фиренца.

На лидерската средба исто така беше презентирана студијата на случај поврзана со процесот на промени во Италијанскиот Црвен крст како и студии на случај на Британски и Шведски Црвен крст поврзани со имплементација на програмски активности на овие национални друштва. Исто така беа водени дискусии околу промовирање на основните принципи на Движењето по повод одбележувањето на 50 годишнината од донесувањето на 7 принципи Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025