Соопштение за помош на настраданото население од поплавите -10 август
Во текот на изминатите 4 дена, тимовите на Црвениот крст на РМ се вклучија во помош и поддршка на настраданото население од поплавите во Скопје и беа дистрибуирани 8.283 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 818 пакети со хигиена, 60 тони вода, 350 пелени, 394 душеци, 1078 кебиња, 598 кг облека. Укажани се 50 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст и реализирани се 4 медицинки транспорти.
Во целата операција вклучени се 80 лица (волонтери и стручна служба на Црвениот крст), 7 мобилни тимови за прва медицинска помош и активиран е целокупниот логистички потенцијал на Црвениот крст на РМ.
Согласно информациите добиени од терен Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици и батериски лампи.
Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток и во ОУ “Наум Наумовски Борче”– Скопје од 08,00 до 18,00 часот (телефон за контакт: 3 096 227).
Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
До сега се собрани 9.630.333 денари на сметката на Фондот на солидарност.
– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400
До сега се собрани 8.918.000 денари со повик на телефоните.
Донација на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа.