Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Спроведен курс за предавачи по прва помош за кандидати за возачи

2021-11-29

Спроведен курс за предавачи по прва помош за кандидати за возачи

Црвениот крст на Република Северна Македонија на 27 и  28.11.2021 година одржа обука за предавачи и демонстратори за курсеви по прва помош за кандидати за возачи возачи.

Обуката се спроведе во просториите на ДХО Даре Џамбаз – Скопје, во строго контролирани услови согласно протоколот за спроведување на обуки и курсеви пропишан од Владата на РСМ. Сите присутни беа обезбедени со  заштитни маски и средства за дезинфекција на рацете и пред почетокот на обуката беше измерена телесната температура на присутните и задолжително потполнување на епидемиолошки анкетен формулар.

Со овие обуки Црвениот крст на РСМ има за цел да создаде нови кадри на квалитетни предавачи кои на правилен и соодветен начин ќе го пренесат своето знаење од областа на прва помош за навремено третирање на повредите настанати во сообраќајните незгоди.

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025